Има само две состојки: Овој коктел е тајната на долговечноста на кралицата Елизабета Втора
Оваа година ќе го прослави својот 95 - ти роденден, но Елизабета Втора и понатаму е витална. Доколку може да им се верува на зборовите на експертите за кралското семејство, тоа го должи на овој едноставен коктел кој го пие со години.
Тоа е тајната на долговечноста на 94 - годишната британска кралица Елизабета Втора се крие во алкохолот - се пишува со години. Како што неодамна објасни кралскиот експерт Брајан Козловски, Елизабета пие четири силни коктели секој ден, од кои првиот го пие пред ручек. „За време на нејзиното владеење, алкохолот отсекогаш служел како ослободувач на стрес со брзо дејство“, пишува во книгата „Long Live the Queen! 13 Rules for Living from Britain's Longest Reigning Monarch“ од споменатиот автор.
Исто така, од поодамна е познато дека џинот е еден од нејзините омилени алкохолни пијалоци, а гореспоменатиот коктел во кој ужива секој ден наводно се прави со овој алкохол. Станува збор за комбинација од џин и слатко ароматизирано вино „Dubonnet“, а точниот сооднос за подготовка на овој коктел, како што пишува „People“, го открил Пол Вајбру, кој го подготвува секој ден за 94 - годишната кралица.
„За една чаша коктел потребни се 50 милилитри Dubonnet и 25 милилитри џин. Во алкохолот додадете и неколку коцки мраз и мешајте додека пијалокот целосно не се соедини. На крајот, додадете парче лимон во чашата за мартини во која се служи овој коктел“ - опиша Пол. За посебна арома, кралицата користи свој џин кој се произведува од состојки кои растат во нејзините градини во нејзината резиденција во Лондон и градините во Сандрингем.
фото: Profimedia