Имала рак и не можела да оди, а потоа освоила златен медал
10 - годишната Магдалена Цанјуга од Гојанца е ученичка во 4 оддление, која лани во јуни учествуваше на Олимписките детски спортски игри „The World Children“ во Москва, наменети за деца кои ги имаат победено малигните болести.
Од тие Олимписки игри малата Магдалена се врати со златен медал за брзо одење. Нејзината неверојатна упорност и труд се наградени со наградата Гордост на Хрватска, која треба да ја добие на 25 февруари. Ова девојче пред 8 години, на само две години, заболело од тумор на мозокот, но по 16 хемотерапии, една голема операција која траела дури 15 часа и четири помали, Магдалена ја победила оваа болест.
„Понекогаш се уште има малку проблеми со рамнотежата. Мора редовно да се контролила, а секои 3 месеци ги отстрануваат бенигните циски кои се појавуваат во нејзината вилица. Оваа борба ќе се води цел живот“ - вели мајката Ивана, која својата ќерка ја пријавила на Олимпијадата во Москва.
„Во брзо одење се натпреварувала со деца кои тешко трчаат и кои се во колички или со патерици. Овој натпревар беше несекојдневен напор за нив и тие ја покажаа целата своја борбеност. За Магдалена, наградата беше изненадување“ - рече мајката на Магдалена. Таа додаде дека на децата медалите им ги доделувале познати руски спортисти.
„Им велеа: 'Вие сте вистински победници, а не ние'“ - воодушено објасни Ивана за 24sata.hr.