Имаш ли забележано: Били Ајлиш има „скриени“ звуци од секојдневниот живот во некои песни
Финис откри дека во музиката на својата сестра некогаш едноставно внесува некои интерсни звуци кои ги слуша во секојдневниот живот.
Следниот пат сигурно внимателно ќе ги слушаш некои од овие песни. Сега кога знаеш што бараш, ќе се запрашаш како е можно нешто вакво да ти побегнало.
Луѓето ја сакаат Били Ајлиш бидејќи е посебна, поинаква, талентирана и не и грижа за тоа што другите мислам. Од својот стил до песните - ништо во врска со оваа пејачка не е вообичаено, па така и музиката во песните. Нејзиниот брат Финис О'Конел пред некое време гостуваше кај Џими Фалон и откри некои прилично интересни работи за музиката на нејзината сестра. Тој работеше со неа на албумот „When We Fall Asleep, Where Do We Go?“, а во последно време можевте да го забележите на настапите на Били, како ја придржува со клавир. Кога работеле на албумот и песните, Финис во некои од песните „сокрил“ и звукови од секојдневниот живот кои му биле интересни. Некои од нив се „Bury A Friend“ и „Bad Guy“. Еден од звуците кои се наоѓа во „Byri A Friend“ е полирањето на забите.
Били во една прилика го снимала овој звук додека била на забар, а подоцна тоа завршило и во песна. Во песната „Bad Guy“ се најде еден невообичаен звук за песна - звукот од семафорите во Австралија.
Финис раскажа дека семафорите во Мелбурн, Австралија, произведуваат звуци кои се навистина супер, но и дека делува како да имаат ритам. Овие и сличните звуци му помагаат да се издвои од останатите продуценти и да биде единствен.
Каде и да оди, со себе носи диктафон, во случај да налета на некој „кул“ звук, да го сними и подоцна да пронајде начин за да го вклопи во музиката.