Имаш лош ден: Овие филмови ќе ти го поправат расположението
Постојат денови кога едноставно уште од утрото ни почнуваат „наопаку“. Од таквите денови едноставно е невозможно да се излезе како победни, па некогаш најпаметно е да се сокриеш под омиленото ќебе и да си пуштиш филм кој ќе ти го поправи расположението.
Некои филмови можеби не се најгенијалните филмски остварувања во историјата на кинематографијата, но секако имаат голема вредност со самото тоа што шират позитива и може да се орасположат кога потполно тонеме.
Како што пишува BuzzFeed, ова се филмовите кои многу брзо ќе ни го поправат расположението и барем на кратко ќе не наведат да заборавиме на сите проблеми околу нас:
# My Big Fat Greek Wedding
# The Princess Diaries
# Hairspray
# Forrest Gump
# Runaway Bride
# The Hundred - Food Journey