Имаш направено нешто лошо и сега сите те озборуваат: Како да ги поправиш работите?
Не е се изгубено, само треба да помине одредено време, кое треба да го искористиш за на сите да им покажеш каква личност си ти.
Нема толку лоши работи кои можеш да ги направиш, а да не можеш да ја поправиш штетата која ја имаш направено. Особено доколку тоа навистина го сакаш, тогаш секогаш ќе пронајдеш начин. Овие совети ќе ти помогнат во тоа да се спасиш од лошиот углед кој те следи.
# Надокнади ја штетата најдобро што можеш
Доколку лошиот углед те следи поради нешто што си направил или кажал, првата работа која мора да ја направиш е да ја надокнадиш штетата. Освен што ова ќе ти помогне да ја поправиш твојата ситуација, тоа е и работа која едноставно мора да ја направиш. Раскажи им на луѓето кои си ги повредил и на оние кои се погодени од рбаотите кои ги имаш направено. Некогаш искреното извинување е се што е потребно за да продолжите да бидете среќни. Извинувањето е важно, дури иако мислиш дека не е се твоја вина, преземи дел од одговорноста, бидејќи сигурно целиот свет не е против тебе без причина.
# Раскажи ја својата верзија
И додека некои озборувања настануваат на темелот на нешто што навистина се случило, други се потполно измислени. Доволно е да се скараш со некој кој има широк круг на пријатели и кој е популарен и озборувањата за тебе може да започнат. Во тој случај, најпаметната работа која можеш да ја направиш е да ја раскажеш својата верзија на случувањата. Кажи им на твоите пријатели и луѓе со кои стоиш добро, а тие тоа ќе го прошират. Немој да вовлекуваш и спомнуваш други луѓе, раскажи ја само приказната што се однесува за тебе. Нема сите да ти веруваат, но некои со сигурност ќе бидат на твоја страна. Невозможно е двете страни да бидат точни, зар не, па доколку твојата приказна е вистина, со текот на времето ќе се види тоа.
# Внимавај што правиш
Еднаш кога ќе започнат да се шират негативни работи за тебе, се што ќе направиш ќе го потврди тоа или ќе го негира. Сите ќе те гледаат со сомнеж и помалку негативно, затоа немој да им даваш причина да те гледаат уште понегативно. Прави добри рбаоти, не зборувај лошо за другите, помогни доколку можеш, биди пристоен, давај комплименти и не го забивај ножот каде што не му е местото. Накратко, покажи со дела дека си добра личност, а не само со зборови. Кога со другите се однесуваш убаво и со почит, тогаш тие потешко ќе поверуваат на вистинитоста на приказните кои се шират за тебе.
# Игнорирај ги негативните и лоши работи кои се зборуваат
Тешко е да се игнорираат тешките работи кои се зборуваат за тебе, но доколку им даваш премногу внимание, ќе започнеш и сам да се гледаш на таков начин. Ќе се чувствуваш лошо и ќе ти изгледа дека ситуацијата е 1000 пати полошо од тоа каква што навистина е. Доколку сакаш да ги поправиш работите, ќе треба да ја игнорираш секоја негативност која ќе ја слушнеш. знаеш дека тоа што го зборуваат не е вистина и немој да дозволиш тоа да те изфрли од такт - биди воздржан.
# Запознавај нови луѓе, најди си ново хоби
Бегањето од проблемите никогаш не било добро решение, но некогаш едноставно мораш да се повлечеш од токсичната средина. Откако ќе ги преземеш сите чекори за да ја намалиш нанесената штета, единствена работа која ти преостанува е времето. За тоа време, упати се во истражување на „светот“, т.е. својот град. Запиши се на некое хоби во кое веќе некое време сакаш да се пробаш, јави се пријателите од основно училиште со кои веќе подолго време не си се видела - одмори од моменталното друштво и средина.
# Биди личноста која сакаш да бидеш
Како сакаш да те гледаат другите? Размисли за тоа и така почни да се однесуваш. Можеби не ти одговараат работите кои се зборуваат за тебе затоа што тоа не е онака како што сакаш да те гледаат другите, но не можеш да очекуваш од нив да знаат што ти сакаш. Никој не може да се промени преку ноќ, но со работа на себе и поставување на целите кои си ги задаваш, ќе бидеш секој ден се поблиску до личноста каква што сакаш да бидеш. Како ќе се доближуваш до својата цел, така ќе се менуваат и работите кои се зборуваат за тебе.