Имаше еден пропуст: Како изгледаше првиот виртуелен концерт на Били Ајлиш?
Били Ајлиш беше приморана да ја прекине својата светска турнеја и од тогаш не настапуваше. Сепак, ова се промени претходниот викенд, кога пејачката го имаше својот прв виртуелен концерт, на чија адреса и до сите светски медиуми доаѓаат пофалби!
Ова не беше обичен концерт, со оглед на тоа што Били максимално ја ангажираше технологијата. Таа употреби XR (expanded reality), односно три џиновски екрани за да ја „прошири реалноста“, односно да употреби еден топ оптички трикови. На тој начин, чесот изгледаше дека Били, нејзиниот брат Финеас и тапанарот Едру Маршал прават невозможни работи. Сето ова беше навистина импресивно, што ни делуваше и дека некој кој не ја слуша Били, би уживал во овој настап.
Ummm this show is rad #BillieEilishlivestream pic.twitter.com/FzSB21EDiy
— amycray, who wears a mask (@amycray) October 24, 2020
Освен тоа, 500 обожаватели добија можност да се појават на екранот за време на настапот, но тие не се бирани по случаен избор, туку веќе знаеја дека ќе бидат дел од концертот. За жал, Били концертот го искористи и за политичка пропаганда, до таа мера што на обожавателите им зборуваше дека концерти можеби ќе има, но само доколку Доналд Трамп изгуби на изборите, пишува ABC. Тоа секако е потполна лага, бидејќи додека трае пандемијата во целиот свет, концерти нема да има ниту во Америка. Исто така, со оглед на тоа што луѓето ги плаќаа картите за овој концерт, политичка пропаганда делува како уште полоша идеја.
A PRODUÇÃO———#BillieLivestream #BillieEilishlivestream pic.twitter.com/9gBllp7btj
— (@raquelcottaa) October 24, 2020
Кога ќе го погледнете списокот на песни кои Били го изведе, ќе сфатите дека ова беше релативно кратко шоу, иако цената за виртуелните карти беше висока. Били ги отпеа песните кои ги сите сакаат, од „Xanny“, преку „No Time To Die“, „Everything I Wanted“ до „Bad Guy“, со која традиционално ги завршува сите свои настапи. Изгледа дека овие виртуелни концерти ќе продолжат да живеат дури и откако ќе заврши короната, но Били воопшто не крие дека едвај чека да се врати на нормалните турнеи. За жал, нејзиното доаѓање во некоја од земјите во реагионот во овој момент би било чудо!