Имаше милиони и популарност, но сепак на 14 години поради алкохолот завршила на рехабилитација: Сега сите се чудат кога ќе ја видат (ФОТО)
Изгледа дека Лана Дел Реј не може да го запре големиот пад на популарноста што трае речиси цели 3 години...
Сите очи беа вперени во Лана Дел Реј кога се појави на доделувањето на „Billboard Woman in Music 2023“. За таа прилика таа облече жолт миди фустан со долги ракави, со ремен во иста боја и усогласени златни светки.
Пејачката остана верна на својот ретро шик изглед, додека косата ѝ беше стилизирана како во 60-тите години на минатиот век.
Иако беше видно среќна и полна со самодоверба, Лана со месеци предизвикува низа негативни коментари бидејќи од почетокот на пандемијата се здебели.
За потсетување, Лана е многу талентирана пејачка, текстописец и композитор, но многумина нејзината популарност ја препишуваат на милионите што ги има нејзиниот татко Роб Грант. Самата пејачка никогаш не криела дека пораснала опкружена со луксуз и просперитет, што според многумина довело до сериозен проблем со дрогата и алкохолот.
Самата Лана за еден странски магазин изјави дека била зависна од алкохол и дека на 14 години за првпат била на рехабилитација.
„Пиев алкохол секогаш кога имав можност, често и сама. Тогаш сѐ изгледаше во ред. Веќе на 14 години, родителите првпат ме испратија во клиника за рехабилитација“ - изјави пејачката.
Она што на сите им беше уште почудно е тоа што, својот наводен вереник, пејачот Шон Ларкин, го запознала преку апликација за запознавање. Двојката подоцна тајно се свршила, но најверојатно ја имаат раскинато свршувачката.
Откако реши да се повлече од медиумите, Лана случајно беше фотографирана во парк додека се шетала, и сите беа изненадени бидејќи за кратко време качила околу 15 килограми.
фото: ProfimediaОд поранешната убавица препознатливо остана само лицето, додека многумина коментираат дека и него го уништила со користењето на ботокс и филери.
Сепак, најмногу штета претрпе креативната страна на пејачката, бидејќи долго време беше во потполна илегала без концерти, настапи и нови песни.
Сега, таа конечно објави сингл наречен „A&W“, а нејзините обожаватели дека ова е само најава пред големото враќање на музичката сцена.
фото: Принтскрин / Инстаграм