Имате кадрава коса, а не сте ни свесни: Откријте ја вистинската структура на вашата коса
Без виткање пегли и топлина: Интернетот полуде за овој трик за природни кадрици
Имате кадрици природно, и не го знаете тоа? Да, навистина, можно е - и лесно може да се открие дали е вистина.
Овој брз и генијален трик од TikTok ја покажува природната структура на вашата коса. Дали имате права или виткана коса? Во принцип, за ова не може да сте сто проценти сигурни, бидејќи разни производи за нега на коса и средства за миење можат да ја „потиснат“ природната структура на нашата коса. Значи, можно е да имате кадрава коса и воопшто да не го знаете тоа.
Ова е она што Даниел сакаше да го открие, кога го постави своето видео на „ТикТок“.
Најпрво нормалната рутина за миење на косата, шампон и балсам. Потоа ја измасира косата со посебен серум за виткање.
Потоа Даниел ја исуши косата со обична памучна маица. Потоа ја завива косата во маица и ја остава еден час. Кога Даниел ја отстрани маицата, кадриците беа прекрасни. Косата сè уште беше влажна, но природната структура на косата беше јасно видлива. Важно е да се избегне прекумерно четкање на косата.