IN AND OUT: Карирано парче облека - тренд на кој модата не му поминува
Боите и стиловите секоја сезона се менуваат, но со доаѓате на есента еден тренд секогаш се враќа на врвот. Тоа е карираното. Без разлика дали станува збор за карирана кошула или пак панталони, карираното е секогаш ИН.
Нашиот предлог за оваа есен се карираните кошули, кои ги има со повеќе бои, должини, различни кроеви...
# Првиот предлог падна на GUESS црно - белата карирана кошула, која е одличен избор за на фармерки или пак црни панталони.
# Карираната црно - црвена кошула на GUESS и бело - црвената на SPRINGFIELD го добија второто место. За нив треба многу да се внимава во изборот на чевли и чанта, но оваа есен дефитивно одлично ќе се вклопат во некоја ваша комбинација.
# Карираните кошули во маслинеста - тегет комбинација на REPLAY и SPRINGFIELD ќе ги задоволат интересите на оние кои сакаат попригушени бои и оние кои не сакаат да остават многу голем впечаток.
# Последниот избор падна на тегет - белата карирана кошула на SPRINGFIELD, која идеално прилега на бели панталони. Сите вљубеници на бели панталони, ќе бидат пресреќни доколку во својот плакар ја имаат оваа кошула.