Инфлуенсерите со голем проблем: Ќе се чистат лажните следбеници и лајкови
Инфлуенсерите со голем проблем: Ќе се чистат лажните следбеници и лајкови на Инстаграм. Не е тајна дека многу инфлуенсери се пробиваат на пазарот со лажни следбеници и лајкови, но на таа пракса ќе ѝ дојде крајот.
Имено, Инстаграм најави дека наскоро ќе ги чисти „лажните следбеници“, што значи дека многу инфлуенсери ќе изгубат многу лајкови, следбеници, а и коментари.
Иако лажирањето на популарност самото по себе е кршење на правила, многу го користат за да ја зголемат видливоста на објавите и така да привлечат вистински следбеници.