Инфлуенсерката Габи Петито, која мистериозно исчезна е пронајдена мртва: Се трага по нејзиното момче
Телото пронајдено во националниот парк припаѓа на исчезнатата Габи Петито, а обдукцијата покажа дека таа е убиена. Нејзиното момче се смета за „личност од интерес“ и полицијата го бара.
ФБИ потврди дека телото, кое беше пронајдено во националниот парк во Вајоминг во неделата, му припаѓа на исчезнатата инфлуенсерка од комбето, Габи Петито.
Заклучено е дека нејзината смрт е предизвикана од убиство, но не се објавени никакви детали за тоа како е убиена.
Петито (22) беше во посета на Националниот парк Гранд Тетон со момчето Брајан Лондон (23). Полицијата во моментов трага по него.
Тој се смета за „лице од интерес“ во случајот, но досега не е обвинет за ништо.
- Судскиот вештак на округот Тетон, д -р Брент Блу потврди дека посмртните останки припаѓаат на Габриела Венора Петито. Неговото првобитно определување на начинот на смрт е убиство - објави канцеларијата на ФБИ во Денвер.
Двојката беше на патување со комбе со недели, пред Брајан да се врати во Флорида без Габи на 1 септември. По враќањето, тој не ја контактирал полицијата или семејството на неговата девојка.
Семејството на Габи ја пријавило како исчезната 10 дена подоцна.
Неколку недели претходно, полицијата во градот Моав во Јута доби повик за потенцијално семејно насилство. На снимката од камерата се гледа како Габи плаче и се жали за нејзиното ментално здравје. Подоцна во полицискиот извештај се наведува дека Лондон се жалел дека Габи го удрила за време на расправијата. Не е покренато обвинение, а полицијата препорачала парот да ја помине ноќта одделно. Што се случило потоа не е јасно.
Семејството на Брајан го пријавило неговото исчезнување во текот на викендот. Тие рекле дека отишол на планинарење на 14 септември и дека не се вратил. Пред да исчезне, тој одби да разговара со полицијата за исчезнувањето на Габи.
Потрагата по него е фокусирана на подрачјето на природниот резерват во близина на неговата куќа на Флорида.
Полицијата користи кучиња, дронови и разни возила за пребарување, а властите велат дека е тешко поради самиот терен.
Во понеделникот, инспекторите извршија претрес во семејниот дом на Брајан Лондон и однесоа неколку кутии, како и сив Форд Мустанг.
Случајот со Габи Петито го привлече вниманието на јавноста, и секоја нова трага се следи на социјалните мрежи, девојката има еден милион следбеници на Инстаграм кои во коментари споделуваат дека нејзините објави биле чудни во последно време и се сомневаат дека нејзиното момче ги пишувал истите откако ја убил.
До вторникот, хаштагот #GabbyPetito имаше повеќе од 650 милиони прегледи само на TikTok, според АП.
извор:telegraf.rs