Инспирација на денот: Учениците од гимназијата „Орце Николов“ преку кративен начин допринесуваат за позелена околина

Инспирација на денот: Учениците од гимназијата „Орце Николов“ преку кративен начин допринесуваат за позелена околина

Објавена во: Совети // School zone

Во периодот март – јуни 2021 година, скопската гимназијата „Орце Николов“ зема учество во проектот „Чувам семе за иднината“. Во овој проект беа вклучени 3 држави (Северна Македонија, Турција, Италија), 7 професори и 42 ученици од втора година.

Во проектот учениците ги следеа и набљудуваа семињата, кои тие лично ги имаа посадено, нивното 'ртење, никнување и растење. Целта на проектот е учениците да разберат дека семките во овошјата што ги јадеме не треба да се фрлаат, туку дека истите можат да бидат засадени во природата и на тој начин да допринесат за позелена околина.

Учениците од оваа гимназија уште еднаш докажаа дека со напорна работа и труд можеме заеднички да придонесеме кон почиста и поздрава околина.

Во продолжение погледнете го видеото за овој проект кое е објавено на Јутјуб:


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: