Инстаграм има нова опција за уредување на профилот: Еве што можеш да додадеш на него (ФОТО)

Инстаграм има нова опција за уредување на профилот: Еве што можеш да додадеш на него (ФОТО)

Доби опција која досега постоеше само на ТикТок...

Не е новина тоа што социјалните мрежи се копираат една со друга и ги додаваат опциите кои другите ги имаат. Така, Инстаграм првенствено го ископира ТикТок со тоа што ја додаде опцијата „Reels“, а сега тоа го направи повторно.

Ги обожаваме сите опции кои ни овозможуваат да го персонализираме својот профил на Инстаграм, а сега дојде уште една новина која навистина ќе помогне во тоа. Иако оваа опција Инстаграм ја „украде“ од ТикТок, тоа нема да го замериме, бидејќи сепак може да ја користиме. Од неа нема да имаш некоја преголема корист, освен тоа што ќе можеш да направиш профилот да ти изгледа убаво.

Таа опција е можноста за „пинување“ на било која објава да се најде на врвот на профилот. Кога сакаш некои објави кои ти се посебно драги, да останат впечатливи, тогаш на овој начин ќе можеш да ги издвоиш.

Така тие ќе останат на врвот, дури и кога ќе додадеш нови објави. Можеш да „пинуваш“ една, две или три објави. И тоа на било кој временски период. Само треба да ја одбереш објавата која сакаш да ја издвоиш, да ја отвориш, да кликнеш на трите точки во десниот горен агол и да ја одбереш опцијата „pin to your profile“. Во моментот кога ќе ти здодее, можеш само да ја „отпинуваш“ и таа ќе си се врати на своето место. Објавите кои ги прикачуваш на врвот на профилот нема да се дуплираат, само едноставно ќе се преселат на врвот.

фото: unsplash.com

Можеби ќе ве интересира: