Инстаграм инспирација: Марија, девојката која ја плете својата модна приказна

Инстаграм инспирација: Марија, девојката која ја плете својата модна приказна

Таа е девојка која ја следи модата и која се труди својот стил да го претстави на публиката. На инстаграм може да ја најдете како @sofronieska____, а нејзиното целосно име е Марија Софрониеска.

За Хаштаг раскажа дека денот обично и започнува со нејзиното семејство, додека ноќите и се резервирани за средба со нејзиното момче или пак за кафе со пријателите. 

Како студент на Ветеринарниот факултет логично е да ги сака животните, па така дома чува папагал и куче.

„Мојата секојдневна обврска е да се погрижам за папагалчето и кучето.“ - истакна Марија, а потоа додаде дека тоа не и е единствена обврска:

„Времето исто така ми е посветено на својата работа која скоро ја започнав, правам комбинации и креации за својот Инстаграм профил, правам соработки со повеќе страници и бутици, зависно од тоа кое парче се вклопува во мојот инстаграм „feed“. Бројот на соработки се зголемува со текот на работата и љубовта и трудот кои ги вложувам во сликите.“ - вели оваа девојка.

Но, овде не застанува, бидејќи заедно со нејзиниот татко и чичко, започнала колекција на машинско плетени модни парчиња - @sofronieska_collection.

„Ќе ги има за секоја сезона, прво ќе ги прикажам фотографиите од фустанчињата и есенските џемпери.“ - посочи Марија.

Вели дека мотивација во животот и е тоа што луѓето кои ги сака се покрај неа и ѝ ја даваат најголемата поддршка, а ни откри и што правела за време на карантинот:

„Периодов, односно оваа состојба со понамалено излегување ја искористив за да читам книги и гледам филмови. Иако повеќе сакам да ги гледам филмовите што се направени според книга, често потоа ја читам истоимената книга.“


Можеби ќе ве интересира: