Инстаграм подготвува многу новини: Погледнете што има ново во апликацијата

Инстаграм подготвува многу новини: Погледнете што има ново во апликацијата

Популарната апликација претстави неколку корисни функции...

По низата ветувања од минатата година, Инстаграм активираше неколку нови функции з апораките, односно за ДМ (директните пораки). Пораките вклучуваат можност за испраќање на „безвучни“ пораки, преглед на профилите кои се онлајн и подготвени за разговор, опцијата за одговарање на пораките додека скролате на почетна и уште многу други работи.

Овој потег, според компанијата Мета е дел од напорите да се подобри поврзаност и да се споделуваат содржини со пријателите. Функциите исто така доаѓаат среде враќањето на хронолошкиот фид, пишува „Tech Crunch“, пренесува „Tportal“.

Новите додатоци почнуваат да интегрираат Apple Music, Amazon Music и наскоро Spotify, кои на корисниците ќе им овозможат да споделуваат исечоци од песни во разговорот во времетраење до 30 секунди. Апликацијата исто така ќе ви овозможи да враќате на пораките додека сте на почетната страница, без да мора да одите во опцијата за пораки.

Третата опција е брзото испраќање, што на корисниците им овозможува брзо да ги споделуваат објавите држејќи ја притисната опцијата за споделување.

Четвртата е статусот на личностите кои се онлајн и со кои ќе може да разговарате. Петтата опција се тивките пораки кои се испраќаат со префиксот @silent, а доаѓа и можноста за правење анкети.

Сите нови функции може да ги видите ТУКА.

Инстаграм најавува дека овие фунцкии ќе станат активни за корисниците во „одредени земји“, но дека подоцна ќе бидат достапни за сите.

фото: Принтскрин / Мета

Можеби ќе ве интересира: