Инстаграм развива нова апликација за допишуваме: Зошто ќе биде посебна?

Инстаграм развива нова апликација за допишуваме: Зошто ќе биде посебна?

Освен преку Messenger, Viber и WhatsApp, наскоро би требало да можеме да се допишуваме и преку оваа апликација.

Оваа апликација ќе биде за допишување со блиски луѓе, а ќе понуди многу интересни опции кои сигурно ќе ги користиш. Погледни за што станува збор.

Инстаграм откри дека ќе работи на развој на нова апликација за допишување кои ќе се вика Threads. Ќе биде дизајнирана со цел да се одржуваат констатни и интимни врски помеѓу корисниците. Преку оваа апликација ќе може да се сподели сопствената локација или неколку проценти батерија со другите „блиски пријатели“ кои ги имаш на оваа листа на Инстаграм. Кога ќе излезе, Threads ќе биде најновиот додаток на апликациите за допишување, кои се во сопственост на Фејсбук, кој за сега е сопственик на Инстаграм, Messenger и WhatsApp.

Неодамна Фејсбук најави дека сите платформи ќе ги спои во една мега платформа за допишување за на корисниците да им понуди најдобро искуство за допишување. 

Threads редовно ќе ги апдејтнува информациите за тебе и ќе ги споделува со твоите пријатели. Тоа во пракса значи дека во секој моомент ќе се знае каде е секој, колку брзо се движи или што прави. Апликацијата сама ќе препознае кога сте во движење и за тоа ќе ги известува вашите пријатели, слично како што работи и Snapchat мапата со корисници. Освен тоа, во апликацијата ќе се прикажуваат и последните сториња од Инстаграм. Фејсбук веќе долго смислува начин како да ги „украде“ корисниците на Snapchat, а ова е нивната најнова идеја.

Можеби ќе ве интересира: