Интересна спојка: Таско и Лина со заеднички Балкански хит
Нашиот суперстар Таско и пејачката со ангелски глас, Лина Пејовска ни го претставуваат Балканскиот хит со српски рефрен „Неваљала“.
Таско до сега сме го гледале во соработка со многу машки трап изведувачи како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, Фокс Бранко од Србија и Инас од Босна. Но сега за прв пат во дует со женски артист и тоа не со било кој, туку со нашата позната пејачка која јасвноста ја запозна на српските „Пинкови ѕвездички„ убавата, ултра талентирана и харизматична Лина Пејовска.
За оваа соработка Лина ни изјави: „Снимањето на спотот помина топ лудо и незаборавно, а како би било поинаку кога снимаш со Таско и со екстра добра екипа. Идејата за заедничка песна со Таско дојде спонтано како што настана и нашата дружба. Подолго време бевме на идеја за нешто интересно и еве тоа и се оствари. Се надевам ќе им се допадне на сите, а песната може само да кажам дека „ЌЕ ГРМИ„!
Песната е со српски наслов и се вика „Неваљала„ за која музиката и текстот ги напиша Таско, инструменталот е на Алекс познат- “Beat maker“ од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.
Спотот е во режија и монтажа на Гордан Божиновски, во организација на Борис Тасковски, а сниман е во соработка со „Artistic Production„. Се снимаше во два сета од по 8 и 14 часа на две локации, во индустриска зона во Велес и на кулите Џевахир во Аеродром, Скопје.
Инаку Урбан Рекордс е првата продукција од Македонија што потпиша партнерски договор со лидерите во регионот за медиумска промоција и дигитална продажба и дистрибуција “IDJDigital”од Србија. Тоа значи дека ексклузивно и за прв пат наши изведувачи се промовираат на нивниот музички видео канал “IDJVIDEOS”.
Во прилог линк од спотот „Nevaljala„- Tasko ft. Lina кој се промовираше на Ју Туб каналот на “IDJVIDEOS”...