Исхрана на 35 степени – што му треба на вашето тело

Исхрана на 35 степени – што му треба на вашето тело

Објавена во: После „Школо“ // PR

Високите температури и топлото време се уште и во текот на август ни наметнуваат потреба од специфична исхрана и освежителни оброци. Високите температури полесно се поднесуваат со лесни, а хранливи оброци, богати со витамини, минерали и протеини. Токму затоа и со такви оброци се карактеризира и медитеранската кујна каде една од главните состојки е грчкиот јогурт.

Овој млечен производ е многу популарен во медитеранската кујна којашто меѓу другото важи за една од најздравите во светот.

За да го донесете вкусот на Медитеранот на вашата трапеза потребна е само една состојка - грчки тип на јогурт Грекос. Класичниот бел грчки тип на јогурт Грекос има кремаст и богат вкус, совршен e за комбинирање во разни оброци.

Ви предлагаме два рецепти, солен и благ, вкусни и освежителни.

Солена летна салата со грчки тип на јогурт Грекос

СОСТОЈКИ:

•⁠  ⁠1,4кг мали компири (варете ги компирите околу 25-30 минути);

•⁠  ⁠400г грчки тип на јогурт Грекос;

•⁠  ⁠2 рендани чешниња лук;

•⁠  ⁠60мл маслиново масло;

•⁠  ⁠4 лажици вински оцет;

•⁠  ⁠2 лажички оригано;

•⁠  ⁠сол и бибер;

•⁠  ⁠3 свежи главици кромид, исечкани во кругови;

•⁠  ⁠1 зелена, исечкана пиперка;

•⁠  ⁠4 лажици копар.

Ставајте ги состојките според дозата и на крајот само промешајте и уживајте во вкусот.

Овошна летна салата со грчки тип на јогурт Грекос

СОСТОЈКИ:

·400г грчки тип на јогурт Грекос;

·1 чаша мандарини;

·1 чаша јагоди;

·1 чаша праски;

·1 чаша киви;

·½  чаша боровинки;

·1 банана;

·1 лажица мед.

Започнете со ставање на овошјето во длабока чинија за салата. Исечете го овошјето на мали парчиња а потоа додајте го грчкиот тип на јогурт Грекос. Измешајте ја овошната салата и за крај додадете една лажица мед за да добиете сладок вкус.

Уживајте во салатите и во освежителниот вкус!


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: