Испливаа експлицитни фотографии од Ања Бла?! Поранешната девојка на Бака Прасе е бесна

Испливаа експлицитни фотографии од Ања Бла?! Поранешната девојка на Бака Прасе е бесна

Објавена во: Мода // Moj стил

Инфлуенсерката веднаш се огласи на Инстаграм, каде објасни сѐ, но и ги опомена корисниците на социјалната мрежа...

Поранешната девојка на Бака Прасе, инфлуенсерката Ања Бла, се најде среде скандал кога се појави инфорација дека испливале нејзини експлицитни фотографии.

Ања ова веднаш го негираше и истакна дека е невозможно да ѝ се случи тоа, со оглед на тоа што никој нема такви фотографии од неа.

„Јас навистина не знам до кога одредени луѓе ќе измислуваат дека имаат мои фотографии, видеа и слично на кои сум гола... Сега колку што гледам почнаа во апликации да го ставаат мојот лик и кој знае што уште прават за да изгледа како тоа да сум јас. Немојте да се надевате воопшто ни вие како мажи, а ни жените кои едвај чекаат на некој да му наштетат, бидејќи такво нешто од мене никогаш нема да видите, бидејќи буквално не постои шанса. Пронајдете смисла во животот, а да не ви биде главна занимација лажирањето на нечие голи фотографии, можете да си направите само проблем со тоа што го правите, не е толку тешко да се дознае од каде потекнуваат фотографиите. Поздрав“ - напиша Ања на стори на Инстаграм.

Ања, исто така се осврна и на тоа што луѓето ги злоупотребуваат туѓите фотографии, па се закани истакнувајќи дека таквите работи се против законот.

„Уште една работа да кажам за ограничените луѓе. Јас имам право да се фотографирам како што сакам и да објавам што сакам. Поентата е што никој нема право да земе моја фотографија и во фотошоп да ги избрише моите бикини и става „фејк“ голи гради и гениталии, никој нема право да ја сече мојата глава од селфињата и да ја става на тело на гола жена која си ги покажува гениталиите итн... Можеш да бидеш и анонимна личност со 5 фотографии на Инстаграм кои не се провокативни и некој да ти го направи тоа, како што ми го направија на мене. Сфаќам дека луѓе кои не ги поддржуваат моите провокативни фотографи, но бидете реални и сфатете дека ова што го правите е против законот“ - додаде Ања.

За потсетување, Ања Бла и Бака Прасе во јануари ставија крај на врската, а јутјуберот неодамна кажа дека ѝ на двајцата тешко им паднала разделбата, како и дека поради тоа западнал во депресија.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: