Исповед на татко за првата менструација на ќерката: Се заблагодари на момчето кое ѝ помогнало без да ја исмее
За многу девојчиња првата ментруација е трауматична и иако знаат што може да очекуваат, сепак тоа ги фаќа неподготвени. Нема точен датум кога една девојка ќе добие прва менструација, а ниту каде би се слочило тоа.
На некои тоа им се случува дома, на други на училиште, на трети во јавен превоз... На оваа тема проговори и еден татко од Полска, кој го раскажа првото менструално искуство на својата ќерка и се заблагодари на момчето кое во таа прилика ѝ помогнало. Имено, девојчето првата менструација ја добило во автобус, а едно момче го забележало тоа и ѝ го дало својот џемпер за да ја сокрие дамката, на што нејзиниот татко е бескрајно благодарен.
Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во целост:
„Мојата ќерка денеска ја доби првата менструација. Таа била во автобусот и дошол еден тинејџер нешто постар од неа и ѝ рекол на уво, дека има дамка на панталоните. Завиткај го мојот џемпер околу половината и појди дома да се пресоблечеш.
Денес сакам да им се заблагодарам на родителите на ова дете што го воспитувале своето дете на овој начин. Не ја снимал, не ја фотографирал, не ја разоткрил, не ја исмејувал или малтретирал, туку и помогнал.“