Историјата се повторува: Оливија Родриго испушти една статуетка и многу луѓе ги потсети на Тејлор Свифт (ФОТО)
Оливија Родриго имаше прекрасна вечер во неделата на 64-тото доделување на Греми наградите со тоа што дома однесе три златни статуетки и ја изведе својата хит песна, „driver license“. Во еден момент, Оливија случајно испушти една од своите награди на црвениот килим, поради што истата се скрши на два дела. Нејзиното шокирано лице по оваа мала незгода го уловија камерите.
Обожавателите веднаш укажаа на сличноста помеѓу овој момент и моментот кога Тејлор Свифт помина низ сличната ситуација, во 2010 година. Во тоа време Тејлор, која сега има 32 години, освои четири статуетки, од кои еден случајно ѝ падна. Инаку, Тејлор ѝ даде поддршка на Оливија откако нејзиниот сингл „driver license“ стана голем хит.
Пред своите големи победи, Оливија разговараше со Кевин Фрејзер и Нишел Тарнер на црвениот килим, велејќи дека нејзиниот фокус бил само на тоа да биде на своето прво Греми: „Навистина сум толку возбудена што сум овде и што ќе ги гледам сите изведувачи. Да освоев една, тоа би било нешто што не би можела да го сфатам“.
фото: Притнскрин / Инстаграм