Италијанските инфлуенсерки ги диктираат трендовите за ова лето: Што ќе носиме? (ФОТО)

Италијанските инфлуенсерки ги диктираат трендовите за ова лето: Што ќе носиме? (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Сега, кога зимските јакни, капути и џемпери можеме конечно да ги спакуваме во задниот дел од плакарите и да ја извадиме лесната облека, сметаме дека е важно да ве запознаеме со некои модни трендови кои ќе ги обележат оваа пролет и претстојното лето.

Овие трендови ги поставија италијанските инфлуенсерки како што се Кјара Ферањи, Габриел Каунсил Поцоли, Џулија Тордини и многу други.

Нивните Инстаграм профили се преполни со фотографии кои на нивните следбеници може да им послужат како вистинска модна инспирација и за лежирно, секојдневни комбинации, но и за оние малку посвечените на кои никој не останува рамнодушен.

И бидејќи изобилството на светли бои и разиграни дезени најмногу го поврзуваме со летото, модните икони на денешницата ни претставуваат токму такви модни комбинации. Исто така, нивниот стил на облекување оваа сезона е фокусиран на „оверсајз“ парчињата, особено на кошулите кои понекогаш ги трансформираат во кроп топ.

Не смееме да го заборавиме ниту големото враќање на трикотажата, која многу тредсетерки сакаат да ја носат во вид на минијатурни елеци, кратки маици со ракави или без, но и во облик на чанти кои се совршен моден додаток.

Поради волку добрата инспирација сигурно веднаш посакавте да одите на шопинг и да ги најдете сличните парчиња кои ги носат и овие трендсетерки.

фото: HIARAFERRAGNI, VERONICAFERRARO, GABRIELLECAUNESIL/INSTAGRAM

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: