Изгледајте светски благодарение на стајлингот: Оваа пролет во тренд се костими кои не прават атрактивни и модерни

Изгледајте светски благодарение на стајлингот: Оваа пролет во тренд се костими кои не прават атрактивни и модерни

Објавена во: Мода // Must have

Оваа пролет еден од модните трендови дефинитивно се предимензионираните костими. Ако ви треба инспирација за нови модни комбинации, размислете за стајлингот на три убавици - Наташа Беквалац, Сара Јо и актерката Тамара Драгичевиќ, кои покажаа како ваквите ксотими може да се носат на светски начин.

Наташа неодамна се најде во центарот на вниманието поради аутфитот на концертот на Јелена Розга, а ние ви пренесуваме детали за нејзиниот моден избор.

Наташа Беквалац за оваа пригода избра беж костим кој одлично ѝ прилегаше. Сакото и панталоните беа широки, а отворените чевли додадоа допир на елеганција и женственост. Одоздола носеше топ во боја на оделото, што е одлично искомбиниран детаљ.


Сара Јо избра син костум, кој според модните експерти ќе се носи многу оваа пролет. Комбинацијата на сина боја со беж потпетици изгледаше многу свежо и модерно. 


Тамара Драгичевиќ објави фотографија на Инстаграм во темно сив оверсајз костум. Панталоните беа широки и предимензионирани, што ја истакна нејзината елеганција и стил. Белата долга кошула одлично се вклопи со сивиот костум, создавајќи хармоничен и софистициран изглед.


Предноста на „oversize“ костимите е што се практични за носење, бидејќи панталоните и сакото можат да се носат одделно. Можете да направите различни комбинации со други парчиња облека, а со тоа да креирате различни стилови.

Извор: www.najzena.rs

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: