Изгубено девојче поминало 11 дена во шума: Кога ќе видите кој бил со неа, ќе останете без зборови
Тригодишната Карина Чикитова живее со мајка ѝ во Сибир. Еден ден пред нејзиниот четврти роденден сакала да го посети татко ѝ кој живее во соседното село. Често одела сама, бидејќи не било многу оддалечено. Кога стигнала во селото, нејзиниот татко не бил таму, па девојчето одлучило да го побара.
Меѓутоа, се изгубила во бескрајните сибирски шуми. Дури и возрасните одат вооружени во тие шуми, бидејќи се полни со волци и мечки. Девојчето било потполно само. Единствен сопатник ѝ бил нејзиниот верен миленик - кучето.
Родителите на Карина биле многу загрижени кога дознале дека нивната ќерка исчезнала. Температурите навечер паѓале под нулата и многу луѓе тргнале во потрага по девојчето, но не можеле да го пронајдат. По 11 дена нејзиното куче се вратило во селото. Жителите го очекувале најлошото.
Мислеле дека малото девојче починало во шумата. Но, кучето тргнало повторно назад, а жителите одлучиле да го следат. Кога стигнале таму, не можеле да им поверуваат на своите очи... Поради својот херојски потег за спасување на девојчето, кучето и Карина добиле споменик, бидејќи девојчето преживеало благодарение на него, исто како и Могли од „Книгата за џунглата“.