Изгуби 100.000 следбеници на Инстаграм: Поради која објава и се случи ова на Били Ајлиш?
Одеднаш падна од 73 милиони на 72,9 милиони. Со што успеа толку многу да ги запрепасти луѓето?
Веќе некое време, на Инстаграм се шири трендот „Post a Picture Of“, каде што луѓето објавуваат различни фотографии, од мали, па се до моментот кога се најмногу горди на себе ... и слично. Вчера на овој тренд се приклучи и Били, а фотографиите како да не им се допаднаа на следбениците.
Били Ајлиш е своја, а не типична платинеста поп-ѕвезда во кратко здолниште, и секогаш ќе го кажува своето мислење без оглед на сѐ. Таа конечно се приклучи на трендот кој кружи на Инстаграм веќе некое време - „Post a Picture Of“. Двете објави беа оние што се чинеше дека особено им пречат на луѓето, а сите подоцна јавно ги коментираше самата Били. Таа објави фотографии од голи женски гради. Првата фотографија беше фотографија од екранот на нејзиниот мобилен телефон, а втората од нејзин цртеж на кој што е најгорда.
И одеднаш, 100.000 следбеници помалку. Не се грижеше премногу, што не е толку изненадувачки затоа што веќе многу пати покажа дека туѓите мислења не и се толку важни, особено од случајни луѓе кои не ги ни познава. Откако другите, како и самата, забележаа дека нејзиниот број на следбеници брзо се намалува, таа ја објави следново стори.
По сето тоа, таа додаде кратко објаснување „сакам гради“. Били е секогаш отворена и не се плаши да каже ништо, па затоа ја сакаме само уште повеќе.