„Изгубив две бебиња“: Болна исповед на Карлеуша - Пред приказната за кризата во бракот преживеала страшна загуба
Не ѝ
било лесно ...
Во јавноста долго време се шпекулираше за бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, а популарната пејачка постојано ги демантираше наводите за кризата во нивниот брак и истакна колкав стрес преживува.
Меѓутоа, ЈК пред девет години одржала голем солистички концерт на Ушќе, а потоа доживеала вистинска тортура.
На пејачката влијаеле повиците на нејзина сметка дека им пеела на мал број луѓе, дека е празно, дека се подаруваат билети, како и многу други работи.
Она што никој не го знаеше е дека овој стрес доведе до тоа Јелена да доживее два спонтани абортуси.
- За две години изгубив две бебиња поради стрес. Сета таа количина на безумна омраза и зло, завист и злоба, погоди онаму каде што бев најслаба. Србија за мене уби две невини суштества и тоа никогаш нема да ѝ го простам. Кој би простил? - рече еднаш Јелена.
Пејачката истакна дека секогаш се трудела и продолжила да го прави тоа.
- Тоа е затоа што јас сум првенствено професионалец, а потоа и многу горда како личност. Пеам и танцувам кога ме боли, кога сум болна и кога не можам - морам. Поради вас, затоа што ве сакам и го почитувам фактот што поради мене доаѓате на моите настапи и плаќате билет.
Фото: Printscreen - Инстаграм - ЈК