Излезена како од бајките: Фустанот од детството на Дина Јашари инспирација за нов
Младата и талентирана пејачка и кантавторка Дина Јашари објави фотографија од кога била мала.
Очигледно розовата боја на Дина и била омилена уште додека била мала, па и затоа Дина често на нејзините настапи може да ја видиме во целосно розов стајлинг или пак некој розов детаљ.
Таа направи споредба со фотографијата од детството од 2005 година со фотографија од 2022 и „меч“ стајлингот кој го има.
На фотографијата од 2022 година Дина е облечена во виолетов фустан со розева тантела за настап.
Изминатата година беше доста успешна за пејачката и кантавторка. Таа имаше мини турнеја во регионот, беше гостинка на концертот на хрватската хип-хоп група „Елементал“, но и учесничка на фестивали, заедно како Дина Јашари и „Другари“ но и како Дина Јашари соло.
Во 2022 година беше добитничка на регионалната наградата „Милан Младеновиќ“ што се доделува во чест на покојниот фронтмен на „Екатарина Велика“. Јашари беше наградена за песната „Дома“ од нејзиниот истоимен миниалбум.
Фото: Инстаграм