Извини што претерав: Ника, ќерката на Карлеуша ги воодушеви сите со своето писмо до Дедо Мраз

Извини што претерав: Ника, ќерката на Карлеуша ги воодушеви сите со своето писмо до Дедо Мраз

Објавена во: Совети // Семејство

Направи цела листа со желби...

Една од најпопуларните пејачки на балканските простори со своите следбеници на Инстаграм сподели што нејзината помлада наследничка посакала за Нова година од Дедо Мраз.

Иако Јелена Карлеуша не споделува често работи кои се однесуваат на нејзиниот приватен живот, а особено детали кои се поврзани за нејзините ќерки, овој пат направи преседан и реши со своите следбеници да ги сподели новогодишните желби на Ника.

Ника пред сѐ посакала нов телефон, ако тоа не е премногу за Дедо Мраз, но за секој случај во изборот додала и список со ситници кои ѝ се допаѓаат. Така на листата со желби се најдоа патики, пижами, благи задоволства и шише за вода.

„Дедо Мраз, Ника ти напиша подолго писмо... И да, доби и 5-ка по математика, што беше услов“ - напиша Карлеуша во описот.

Ника Тошиќ ги воодушеви следбениците на својата мајка со скромноста, бидејќи како девојче кое може да побара многу повеќе, таа одбра неколку работи кои навистина ги сака и тоа со извинување:

„Дедо Мраз, извини што претеран, но што да се прави. Чекав цела година за повторно да биде Нова година“ - истакна Ника, која најубавите желби ги чувала за деновите резервирани за подароци, кои според своето мислење ги заслужила.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: