Ја бакна пред сите: Анастасија ја крие својата врска, а сега покажа сѐ

Ја бакна пред сите: Анастасија ја крие својата врска, а сега покажа сѐ

Објавена во: Живот // Живот

Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, тргна по музичките чекори на нејзината мајка и со само неколку песни успеа да доживее голем успех.

Таа отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста, но покрај тоа успеа да го задржи својот љубовен живот само за себе. Иако е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, скоро никогаш не го покажува своето момче Ѓорѓе.

Меѓутоа, пред неколку дена таа малку се опушти, па покажа дел од својата интима.

Според приложеното може да се сфати дека семејството Ражнатовиќ било дел од некоја мала забава, на која Цеца се фатила за микрофонот, а Ѓорѓе нејзината изведба ја снимал со телефон. Колку се опуштила и Анастасија, покажува нејзиното видео на споменатата социјална мрежа, на кое се гледа дека е пресреќна.

Меѓутоа, во моментот кога Ѓорѓе и се приближи и ја бакна во образ, таа потполно се растопи. Како изгледаше Анастасија во тој момент, погледнете во продолжение:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: