Ја губиш концентрацијата: Еве што треба да воведеш во твоето мени
За жал, не постои брз лек за недостатокот концетрација и внимание, но за среќа, со помош на некои продукти, природно, можеме да ја забрзаме работата на мозокот.
Доколку и ти имаш проблем со недостатокот концетрација и енергија, која едноставно ти паѓа во текот на денот, пробај да го промениш режимот на исхрана. Некои продукти се идеални за лечење на овој проблем. Во продолжение дознај што задолжително мораш да внесеш во дневното мени, доколку не можеш да се фокусираш.
# Овесна каша - велат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и тоа со добра причина. Избалансираниот оброј наутро дава енергија за цел ден, а луѓето кои појадуваат имаат помал ризик од бројните заболувања, како и дебелеењето. Овесната каша е идеален избор за појадок, бидејќи долго не држи сити и ни дава енергија на телото, па така и мозокот добро функционира.
# Црно чоколадо - доколку сакаш благо, наместо стандардните благи задоволства полни со шеќери, избери црна чоколада. Овој продукт го зголемува нивото на „хормонот среќа“, влијае на подобрување на нашето расположение, но и на концетрацијата.
# Вода - дехидрацијата доведува до умор, фокусот паѓа и се јавува главоболка, затоа потруди се да пиеш доволно количина на вода на дневно ниво.
# Боровница - ова овошје е преполно со антиоксиданти кои влијаат на подобрена меморија. Покрај ова, боровницата дава енергија на целото тело и го подобрува резултатот на тестовите, доколку ја конзумирате кога учите.
# Банани - покрај тоа што не држат сити, бананите се богати со калциум, кој го одржува здравјето на мозокот и целиот нервен систем.