Ја малтретираа поради дебелината: Сега руши стереотипи со нејзиното танцување

Ја малтретираа поради дебелината: Сега руши стереотипи со нејзиното танцување

Танчерката Лизи Хауел, која беше малтретирана поради дебелината, е неверојатно талентирана млада танчерка. Поради предрасудите, имало многу денови во кои Лизи сакала да се откаже. 

На објавените видеа каде таа танцува, кои станаа вирални, таа претрпе он-лајн булинг, но исто така се покажа како храбра девојка, која се бори за нејзината страст - танцот.

Месеци подоцна, откако стана сензација на Интернет, одлучи да зборува.
Таа е повеќе од големината на нејзиното тело, Лизи има вистински талент. Добро препознатливите стории на YouTube „10 Minute Challenge“ на Џордан Матер, објавија конкурс за „Танцувачи меѓу нас“. Лизи аплицираше и нејзината емотивна приказна беше лесно избрана да биде претставена.

Мајката на Лизи починала кога таа имала само пет години, тоа предизвикало зголемување на телесната тежина кај Лизи. Таа се преселила со својата тетка и старателка, Линда Грабовски и започнала часови по танц. Тежината на Лизи ја натерала да биде во фокусот на омраза од врсниците.

„Танцот е нејзин излез за сите нејзини емоции, добри и лоши“, рече Грабовски.

Лизи на Евровизија танцуваше покрај францускиот евровизиски претставник - Билал Хасани

Сега, Лизи ја сфати важноста да се бори за својата страст и да не им дозволува на други да го одредуваат нејзиниот пат во животот. Таа стана инспирација за многумина кои можеби не одговараат на типичниот „калап“ за своите страсти.

„Мислам дека понекогаш социјалните медиуми ја сликаат само убавата слика во главите на луѓето. Порано мислев дека животот на славните луѓе е среќен“, рече таа за Popsugar.
"Мислам дека во сфаќањето помага и тоа што луѓето што се кријат зад екранот и ве малтретираат никогаш не би ви кажале ништо во лице. Ако ви е кажано дека треба да престанете да правите нешто што го сакате, не престанувајте! Ако не можат да видат колку ве прави нешто среќни, нивното мислење не е важно. Само вашето е!“ - вели Лизи.

ВИДЕО

извор:godtube


Можеби ќе ве интересира: