Ја нарачал Карлеуша во природна големина, но тоа не е сѐ: Ѕирнете во собата на обожавател на Јелена

Ја нарачал Карлеуша во природна големина, но тоа не е сѐ: Ѕирнете во собата на обожавател на Јелена

Објавена во: Живот // Живот

Јелена Карлеуша често на својот Инстаграм профил ги споделува објавите од своите обожаватели кои ја означуваат на фотографиите на кои се гледа дека го имаат истетовирано нејзиниот лик, стих од некоја нејзина песна, а некои пак откриваат дека просторот во кој живеат е окружен со нејзиниот лик.

Имено, еден нејзин обожавател, по име Александар, целата соба ја има украсено со предмети кои имаат врска со Карлеуша, а она што е најинтересно е тоа што ја има Јелена во природна големина, најверојатно од картон.

Тој посакал во собата да ја има поп ѕвездата во бел фустан, кој го носеше на прославата на својот роденден во август 2020 година.

„Кога ме прашуваат дали ја сакам ЈК... Повелете во мојата соба“ - напиша Александар на своето стори на Инстаграм.

Покрај Јелена во природна големина, во собата има и разни нејзини фигури, постери, весници...



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: