Ја нарекуваат свекрва од пеколот, а сега има нова снаа: Семејството Бекам има посебен повод за славење?
Како што пишуваат странските медиуми, синот на Викторија и Дејвид Бекам, Ромео ја запроси својата долгогодишна девојка...
Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Ромео наводно ја запросил својата девојка Миа Реган, пишува британскиот „Mirror“, а шпекулациите за свршувачката беа поттикнати од големиот дијамантски прстен на нејзината рака која заблеска, откако ја обновија врската.
Ромео и Миа се уловени додека се забавувале во клубот „Soho House“ во Лондон, а иако Миа се обидела да го сокрие вереничкиот прстен кога ги видела фотографите, сепак тоа го направила предоцна.
фото: ProfimediaНа на нив двајца им се придружила и голема група пријатели, а пред да го посетат споменатиот клуб, биле видени на свирка на која присуствувале за да го поддржат пријателот на Миа и пејач HRVY.
Еден извор за „Mirror“ кажа дека Ромео и Миа не се верени, туку дека манекенката носела „нормален“ прстен.
За потсетување, Ромео и Миа се забавуваат три години.
Се запознаа во септември 2019 година и со заедничка објава на Инстаграм објавија дека се заедно.
Потоа, за време на пандемијата на коронавирусот и затварањето во Велика Британија беа разделени до јули 2020 година, кога и двајцата беа фотографирани на одморот во Италија со остатокот од семејството Бекам.
Romeo Beckham and his girlfriend Mia Regan get Wimbledon off to a stylish start https://t.co/PiSP2fWDLA pic.twitter.com/srmCHyzGYg
— Tatler (@Tatlermagazine) June 28, 2021
Во јули 2022 година, Миа и Ромео раскинаа поради преполниот распоред, при што Ромео ја продолжи својата професионална фудбалска кариера во Соединетите Американски Држави, а Миа се занимаваше со манекенство во Велика Британија.
Миа во својата кариера има работено за модните куќи „Balmain“ и „Gucci Beaty“ и британскиот „Вог“, како и за својата идна свекрва Викторија Бекам. Исто така се појави на Модните недели во Париз и Лондон.
Извор за „Daily Mail“ кажаа дека двојката се борела да ја одржи својата „врска на далечина“ и дека заедно одлучиле дека е подобро да се разделат.
„Двајцата се прекрасни млади луѓе и останаа многу наклонети еден кон друг, а семејството ја сака Миа“ - кажа тогаш извор близок до двајцата.
Миа продолжи да работи со модниот бренд на Викторија и покрај тоа што ја прекина врската со нејзиниот син.
Многумина тоа го гледаат како добар знак и се надеваат дека „свекрвата од пеколот“ ќе биде подобра кон втората, отколку кон првата снаа, бидејќи од венчавката на Никола Пелц и Бруклин Бекам, светот не престана да зборува за недоразбирањата помеѓу снаата и свекрвата.
Ромео и Миа, во ноември 2022 година, кога Миа присуствуваше на 20-от роденден на Ромео, потврдија дека повторно се зближиле.
Двојката сега живее со Викторија и Бекам во нивната куќа вредна 31 милион фунти во паркот Холанд во Лондон.
Извори блиски до семејството, во април 2022 година открија дека Ромео е подготвен да се ожени со манекенката.
„Миа е блиска со Викторија, мајката на Ромео. Беше јасно дека двојката сака долгорочна заедничка иднина и веќе зборуваа за тоа дека се сродни души“ - кажа изворот и додаде:
„Венчавањето во раната младост изгледа е традиција во семејството Бекам. Опседнати се еден со друг и дефинитивно сакаат да го поминат животот заедно“.
фото: Принтскрин / Инстаграм