Ја нарекувале крава, а поради изгледот сакала да се убие: Денес е најплатениот модел и сите се „тепаат“ за неа

Ја нарекувале крава, а поради изгледот сакала да се убие: Денес е најплатениот модел и сите се „тепаат“ за неа

Објавена во: Мода // Moj стил

Манекенката Вини Харлоу која красеше насловни страници на угледни магазини и беше дел од бројни ревии, поради состојабата на кожата во детството сакала да се убие...

Вини Харлоу, чие вистинско име е Шантел Браун - Јанг, денес е успешна манекенка, а јавноста ја запозна уште во 2014 година во шоуто „America's Next Top Model“. Тајра Банкс ја откри и тоа преку Инстаграм.

Денес деловните понуди ѝ пристигнуваат од сите страни, но на почетокот не било така. Една од причините за тоа било тоа што Вини боледува од витилиго, состојба која предизвикува депигментација на делови од кожата.

Имено, кожата го губи меланинот, пигментот кој ја одредува бојата на кожата, косата и очите. Тоа се случува кога клетките што произведуваат меланин умираат или повеќе не произведуваат меланин, што предизвикува појава на бели дамки со неправилна форма на кожата.

Извор: ROGER / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Дека има витилиго откри кога имала четири години, а поради својата состојба често ја напаѓале другарите од основното и средното училиште.

Токму поради малтретирањата неколку пати ги менувала училиштата, а децата ја довеле до степен да посака да си го одземе животот. 

Покрај тоа што скоро цело тело ѝ е прекриено со бели дамки, оваа 27-годишна девојка зрачи со самодоверба и поради тоа е пример на многу девојки, а може да се пофали и со титулата ангел на Викторија Сикрет.

На ревии носела креации од бројни познати дизајнери, а денес е чест гостин во кампањите против врсничко насилство. Ги красеше и насловните страници на угледните светски магазини, а периодот со малтретирање е далеку од неа.

фото: MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: