Ја обвинија дека ја сокрива бременоста: Џиџи Хадид им го возврати ударот

Ја обвинија дека ја сокрива бременоста: Џиџи Хадид им го возврати ударот

Објавена во: Совети // Семејство

Џиџи Хадид одговори на обвиненијата на британските медиуми дека ја сокрива бременоста од јавноста.

Манекенката, која го очекува своето прво дете, во „лајв“ видео на Инстаграм обрна внимание на коментарот на новинарот од британското издание на магазинот „Vogue“, кој во тектот напиша дека Џиџи и понатаму не објавува фотографии и видеа од трудничкиот стомак и дека ја крие бременоста.

„Го прикривам стомакот... кога носите широки работи, постои разлика кога ве фотографираат од предната страна или од профил... не сум го направила намерно тоа, ниту пак криев било што“ - рече и додаде:

„Гордо ќе споделам со вас бременоста кога ќе почувствувам дека треба, ви благодарам.“

„Во овој момент сум горда што низ ова искуство поминувам со семејството и саканите луѓе.“ - објасни таа.

Како што претходно ве известивме, Џиџи го очекува првото дете со Зејн Малик, а деновите ги поминува на семејната фарма во Пенсилванија.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: