Ја осудуваат бидејќи е бремена со второ дете, а има 19 години: Не сите мајки тинејџерки се неодговорни
Таа првото дете го родила на 16 години, а заедничката желба со сопругот им била побрзо да добијат уште едно...
Кејли Пул отсекогаш сакала да биде млада мајка и да ужива во своето големо семејство, а нејзините соништа се оствариле кога на 16 години го добила првото дете.
Таа не крие дека по само четири месеци врска останала бремена, но дека тоа не ја прави лоша личност или мајка.
„Тестот за бременост го купив од шега. Воопшто не мислев дека сум бремена, особено затоа што докторите ми кажаа дека поради проблемите со јајниците можеби нема да имам деца“ - ја започнува својата приказна оваа девојка.
Како што вели, кога дознала дека е бремена, го криела тоа од сите, бидејќи стравувала дека некој ќе ја наговори да абортира.
„Кога собрав храброст му кажав на момчето, тој беше воодушевен и кажа дека ќе биде со мене, без оглед на тоа што ќе го одлучам“ - се присетува таа.
Кејли набрзо потоа им признала на родителите дека е бремена, а тие, како што вели, на почетокот биле лути, но набрзо ѝ дале поддршка во намерата да го задржи детето.
„За бременоста не знаеја врсниците на училиште, па се обидував со поголема облека да го прикријам стомакот, но набрзо сфатија и почнаа да ме навредуваат. Ме малтретираа и ме закачаа, но со текот на времето тоа ме направи посилна. Во училиште одев до седмиот месец од бременоста, додека не ја завршив учебната година, а моето момче работеше по цел ден во ресторани за брза храна, за да заштеди за нашето бебе“ - кажа оваа мајка.
Тие двајца добиле ќерка, а набрзо се венчале и почнале да живеат заедно. Меѓутоа, нејзиниот сопруг набрзо се пријавил во војска, и морал да се пресели во Небраска. Тогаш Кејли сфатила дека ѝ тешко да создава пријателства со другите мајка, бидејќи е премлада за нив, додека нејзините врсници не сакале да се дружат со некој кој има бебе.
„Бев осамена, па почнав да снимам за социјалните мрежи за да им помогнам на другите млади мајки. Често добивам многу негативни коментари, но ми стигнуваат и пораки полни со поддршка“ - искрена беше таа.
Како што вели, најлошите коментари почнале кога останала повторно бремена, па ѝ пишувале дека ќе си го уништи својот живот и дека не е способна да се грижи за две деца.
„Ние сакавме уште едно дете, бидејќи знаеме дека можеме и имаме помош од неговите и моите родители. Не сите мајки тинејџерки се неодговорни“ - заклучи оваа тинејџерка.
фото: Принтскрин / Инстаграм