Ја осудуваат бидејќи на 5-годишната ќерка ѝ ја фарба косата: „Да реагираат социјалните служби“

Ја осудуваат бидејќи на 5-годишната ќерка ѝ ја фарба косата: „Да реагираат социјалните служби“

Објавена во: Совети // Семејство

Деми Луси е мајка која за кратко време стана популарна на социјалната мрежа „ТикТок“, а себеси се нарекува „најкул мама“. Снима смешни видеа и оние на кои покажува женска козметика.

Сепак, видеото кое го погледнале повеќе од 14,4 милиони луѓе е она на кое Деми ја покажува својата петгодишна ќерка Меди на фризер. Иако нема ништо необично во тоа дете да оди на фризер, постои една работа поради која луѓето ја осудуваат.

Всушност, Деми ѝ дозволила на својата петгодишна ќерка да ја избели нејзината природна кафена коса, а потоа да ја обои во розова боја. Таа подоцна објави видеа од Меди како ја покажува својата нова фризура, а Деми вели колку е возбудена поради тоа.


Додека некои го гледаа клипот како сладок момент меѓу мајка и ќерка, имаше повеќе кои ја осудија Деми.

- Треба да ѝ објасниш дека е убава таква каква што е. Мајка ми ми го направи истото кога имав шест години, па ми требаа 18 години повторно да се засакам себеси и мојата природна коса – напиша едно девојче.

- Зошто дозволивте на толку мало дете да му нанесува хемикалии на главата? Тука треба да реагира социјалната служба – додаде еден корисник.

Деми решила да им одговори на луѓето кои не ја поддржале нејзината одлука, а како што истакнала, нивното мислење баш и не ѝ е важно.

- Таа како и секоја девојка е фасцинирана од еднорозите и барбиките со розова и руса коса, а сакаше да личи на нив. Нејзината пријателка имала виолетова коса, па таа дојде дома го посака истото. Купивме привремен розов шампон, но таа не беше среќна. Решив да ја однесам кај професионалец и да се уверам дека сè е во ред. На крајот на краиштата, таа е мое дете и секогаш ќе одговарам на нејзините желби, ти си небитна - одговара Деми.

По ова објаснување, многумина се запрашаа зошто девојчето нема розова коса, а Деми одговори дека чекале додека не направат семејни фотографии.

- О, тука сме! Ова е ваша одлука. Сакавте да биде русокоса на фотографиите – напишала една жена, а Деми одговорила:

- Ова не е вистина! Никогаш не би го присилувала моето дете да направи нешто што не сака! Јас не сум таков тип на личност и мајка.

Какво е вашето мислење?

Извор: ona.telegraf.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: