Ја открива вашата судбина: Последниот број од годината на вашето раѓање е најважен
Последниот број во годината на вашето раѓање ви кажува нешто посебно - откријте што е тоа!
Секој број има елемент кој му одговара (метал, вода, оган, дрво и земја) кој може многу да открие за нашите карактеристики и навики.
Погледнете кој број се наоѓа на крајот од годината во која сте родени и дознајте кој е вашиот елемент, како и што тој открива за вас. На пример, доколку сте родени во 1990 година, вашиот елемент е метал.
Метал: броеви 0 и 1
Личностите кои се родени под елементот метал имаат силен карактер и многу се отпорни. Од друга страна, слободни се и многу резервирани, бидејќи сакат да работат само на работи кои се добри за нив и сами влијаат на својот живот. Сакаат мирен живот исполнет со љубов, а знаат и како да дојдат до тоа. Одлучни се и не толерираат пропусти, а негативна страна им е преголемата желба за моќ, луксуз и богатство.
Вода: броеви 2 и 3
Оние кои се родени под овој елемент се многу сочувствителни, привлечни и симпатични. Имаат големи планови и многу се снаодливи што ги прави успешни во професиите кои се поврзани со уметноста. Имаат добар инстикт и се неверојатно ориентирани на деталите.
Дрво: броеви 4 и 5
Личностите родени под елементот дрво се многу самоуверени и вредни, сакаат оригиналност, нови искуства и сонуваат за тоа да го истражуваат светот околу нив. Сакаат да откриваат бизарни места и загатки кои ги кријат истите. Не се себични и егоисти, а луѓето кои ги окружуваат ги сакаат и уживаат во нивното друштво.
Оган: броеви 6 и 7
Луѓето родени под елементот оган се вистински авантуристи и сонуваат да го пропатуваат целиот свет. За нив може да се каже дека се прилично брзоплети поради што често имаат непотребни проблеми. Омилени се во друштвото, бидејќи се однесуваат природно и многу се љубезни. Го имаат она „нешто“ што другите го немаат и со него магнетски ги привлекуваат луѓето.
Земја: броеви 8 и 9
Личностите родени под елементот земја се многу сигурни и пријателски настроени, разумни и секоја работа сакаат да ја размислат и анализираат. Сакаат дисциплина и ред, а сакаат да го живеат животот во склоп на своите планови. Кога нешто прават, го прават ненаметливо и најмногу се плашат од непознати ситуации.