Ја погодија озборувањата за аферата меѓу нејзиното момче и Софи Лојд: Меган Фокс му ѝ остави коментар на гитаристката на Инстаграм
Сега сѐ е јасно...
Меган Фокс повторно го активираше својот профил на Инстаграм и изгледа дека е активна и повеќе од порано.
Деновиве кружеа озборувања дека нејзиниот партнер Машин Ган Кели ја изневерувал со музичарката и гитаристка од бендот, Софи Лојд. Тие озборувања дополнителни беа поттикнати од некои изјави на Меган, во кои таа се пошегува дека всушност таа била онаа која го изневерувала момчето со Софи, а кои јавноста ги протолкува како иронични и најде доказ за аферата меѓу Софи и Ган.
Меган поради тоа одлучи да ѝ остави коментар на Инстагран на Софи, за еднаш засекогаш да ги прекине озборувањата за неверството.
„Се пошегував за да ја ослободам оваа девојката од болните обвинувања, а како некој тоа го претвори во потврда никогаш нема да разберам. Зошто луѓето се толку... глупави?“ - се запраша Меган.
Ја пофали Софи и ја нарече „лудо талентирана“.
„Добредојде во Холивуд. Твојата прва неоправдана ПР катастрофа. Сега си крстена со пламенот на популарноста. За жал, овде има само полошо“ - заклучи Меган со совет да ги игнорира медиумските озборување, на што додаде и емотикон срце.
На оваа порака не изостануваше ни коментарот на Софи.
„Интернетот е толку див. Ти испраќам многу љубов“ - ѝ порача гитаристката на Меган.
Изгледа дека Меган и Ган сепак не ја прекинале врската, иако нивниот однос дефинитивно поминува низ некој вид на криза.
фото: Принтскрин / Инстаграм