Ја покажа својата хумана страна: Сузана Гавазова ја поддржа акцијата „Подари, израдувај некого“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица (ФОТО)

Ја покажа својата хумана страна: Сузана Гавазова ја поддржа акцијата „Подари, израдувај некого“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Гавазова направи потег кој е за секоја пофалба...

Една од најпознатите фолк пејачки во Македонија, Сузана Гавазова ги воодушеви сите со својот потег. Имено, таа го посети СОУ „Никола Карев“ во Струмица, а дека оваа посета има големо значење открија од училиштето.

Зад истата се крие хуманиот гест кој го направи пејачката, односно како и многу други струмичани и таа се приклучи на акцијата „Подари, израдувај некого“, која ја организира ова средно училиште. Како што открија во објавата, Сузана донирала неколку од своите фустани кои ги носи настапите, а со тоа ќе овозможи да се израдуваат неколку ученички од училиштето.

„Многу е убаво кога ќе направиш добро дело, а уште повеќе кога во тоа некој ќе те поддржи. Нашата акција под име „Подари, израдувај некого“ доби многу голем одек во општината и пошироко и добивме многу донации во прекрасна гардероба за девојки и момчиња. Имаме голема чест и се радуваме што и нашата естрадна уметничка Сузана Гавазова ја препозна и поздрави нашата добра намера, па дури и се вклучи во неа. Вчера не посети во училиштето и донираше повеќе фустани од својата гардероба која ја носела на настапи. Ви благодариме од срце и Вие придонесовте да израдуваме некое девојче“ - стоеше во објавата, која беше споделена на Фејсбук страницата на средното училиште.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: