Ја помина Ријана: Ариана Гранде моментално е најпопуларна жена на Spotify
Ариана Гранде и досега се сметаше за скоро па најдобар женски поп изведувач на светот, но оваа позиција сега и е прилично осигурана, бидејќи мегаѕвездата успеа да се искачи на првото место по слушаност на Spotify кога се во прашање жените, со над 20 милијарди слушања.
Ариана од срце се заблагодари на социјалните мрежи за овој успех, бидејќи и самата е свесна дека во прашање е голема работа. Освен тоа, важно е да се напомене дека пред неа, прва жена на Spotify беше Ријана, па Аријана без навитина скромна и дури ја замоли Ријана да се врати побрзо и повторно да биде прва: „Едвај чекам да ви подарам нови работи кои ќе ги слушате и сега е време и Ријана да се врати и со право да го заземе своето место и повторно да ми ги исполни ушите“.
Пејачката исто така го одбележа вториот роденден на своето „најдраго бебе“ (иако многу пејачи своите „бебиња“ (албуми) ретко може да ги рангираат и ги сакаат подеднакво) - на 17 август пред точно две години беше објавен нејзиниот едиствен албум кој освои Греми. На готографиите покажа повеќе кадри и промотивни фотографии од ерата на „Sweetener“, а тука е и фотографијата од видеото за „the light is coming“.