Ја препознавате ли: Слаткото девојче од фотографиите денес полни 55 години
Слаткото девојче кое го гледате на фотографиите денес е една од најпознатите македонски пејачки, поп дива и вонсериски талент.
Се работи за Калиопи Букле - пејачката денес го прославува 55-от роденден.
За роденденот таа објави видео со досега невидени фотографии и моменти од нејзиното детство.
-Еј луѓе мои! Ајде да прославиме нов почеток низ моите 55 години живот! Затоа што годините се само бројка, а помислата на годините е она што не' рефлектира во огледалото онака како што сакаме да се гледаме! Како се гледам себеси? Се гледам себеси како времето да не постои! Да се радуваме во тоа име!!! П.С. Ви благодарам Ромео за оваа роденденска химна! - напиша пејачката.