Ја тужат: Тејлор Свифт украла нешто...
Планетарно популарната музичка ѕвезда Тејлор Свифт (31) си доби тужба од Евермор, забавен парк во американската држава Јута.
Причината е нејзиниот последен албум - „Евермор“.
Сопствениците тврдат дека им е украдено името и сега бараат отштета од над два милиони американски долари од Тејлор.
Паркот тврди дека нивните права биле повредени затоа што тоа е нивна заштитена марка,
Адвокатскиот тим на пејачката одговорил дека тужбата нема основа и дека албумот „Евермор“ објавен на крајот на минатата година создал дополнителни можности за маркетинг на овој тематски парк, кој, според нивното соопштение, е во финансиски проблеми.