Ја учам баба ми да користи паметен телефон: Хит упатство на една внука (ФОТО)
Скоро па и да нема личност која во опкружувањето нема некој повозрасен на кој мора постојано да му објаснува како се користи модерната технологија, особено паметните телефони.
Со оглед на тоа дека молбите телефони одамна не се користат на начин на кој се користеа порано, на повозрасните личности им е тешко да се снајдат во тоа, па често ги викаат на помош децата или внуците да им одржат „курс“ како да го користат паметниот телефон.
Една корисничка на Твитер се соочила со истата ситуација, а начинот на кој таа на својата ѝ го направила упатството за користење за кратко време стана хит на оваа социјална мрежа.
Имено, нејзиното упатство содржи детално објаснување на основните функции - од полнење и отклучување на телефонот до испраќање пораки и ѕвонење, а колку било корисно за останатите твитерџии, кои и самите имаат проблем да им објаснат на своите повозрасни членови од семејството каде и што да притиснат, говорат илјадниците лајкови и коментари.
učim babu da koristi telefon na tač pic.twitter.com/mEADPI6ExO
— noga goge sekulic (@bbhaadbhabie) February 13, 2022
„Ова се вика љубов“, „Кој знае какви работи ќе мораме да учиме ние кога ќе бидеме во нивни години“, „Ова е супер. Сними го како pdf. и испрати ни го на сите, сите имам по една баба ученичка“, „Прекрасно! Браво“, „Ова е подобро од било кое друго упатство“, „Ова е прекрасно“ - пишуваа корисниците.
Некои признаа дека и самите порано пишувале слични упатства за далечинските управувачи и старите телефони, додека други се благодарни за деталното и корисно објаснување и кои воедно одлучиле да го „украдат“ како инспирација.
фото: Twitter / freepik