Ја засени и мајка ѝ: Атина Тошиќ се заканува да им ја одземе популарноста на родителите (ВИДЕО)
Атина Тошиќ беше ѕвезда на модна ревија...
Постарата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина Тошиќ е на добар пат да ја засени популарноста на својата мајка. Освен љубовта кон модата, ја има наследено и манекенската висина, и иако има само 14 години почна да ги освојува модните писти.
Имено, во рамките на манифестацијата „Serbia Fashion Week“ во Нови Сад, викендов беше одржана ревија на еден бренд, а истата ја отвори наследничката на пејачкта. И самата пејачка на својот Инстаграм профил гордо ја сподели Атина.
„Моето бебе Атина на нејзината прва ревија за големи манекенки. Иако има само 14 години, е вистински модел, а имаше и чест и да ја отвори ревијата“ - напиша Јелена.
Инаку, Јелена често истакнува колку е горда на своите ќерки, а во една прилика изјави дека Атина ќе биде голема ѕвезда во иднина.
„Веќе можам да видам дека Атина ќе биде голема ѕвезда во иднина. Бескрајно е убаво е талентирана“.
фото: Принтскрин / Инстаграм