Ја знаете како Мар од „Ангели“: Денес е русокоса и посветена на музиката
Пред 13 години Мар, поточно Маријана „Лали“ Еспосито беше една од омилените главни ликови на многу тинејџери од тинејџерската хит серија „Ангели“. Својата кариера ја има започнато уште на 7 годишна возраст, но најголем успех постигна во веќе споменатата серија, поради која стана дел и од бендот „Teen Angels“.
Како одминуваа годините таа малку повеќе се посвети на музиката, а снимањата ги стави во втор план. Денес има 28 години и е максимално посветена на својата кариера.
Иако тогаш имаше темна коса, денес таа е русокоса, а оваа промена е одобрена од нејзините обожаватели.
На Инстаграм ја следат повеќе од 7 милиони луѓе, кои постојано ја преплавуваат со коментари и лајкови.