Јадела преку 10 кесички чипс дневно, па завршила на операциона маса: Откако престанала да грицка ослабела неверојатни 23 килограми

Јадела преку 10 кесички чипс дневно, па завршила на операциона маса: Откако престанала да грицка ослабела неверојатни 23 килограми

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Триесет и осум годишната Мелиса Џонс јадела по 24 кеси чипс секој ден и брза храна три до четири пати неделно. Како што изјави во едно интервју, нон-стоп грицкала чипс затоа што го сакала звукот кога крцка.

- Сакав да јадам. Секогаш кога се чувствував несреќена, земав чипс и јадев. Тоа беше мојата храна за утеха. Некогаш јадев и по 24 кесички чипс дневно, ми се допаѓаше чувството да ги крцкам во устата. Сè се промени кога отидов на одмор со моите синови и сфатив дека не можам да се качам на педалинката. Беше многу непријатно и за мене и за нив, беше искрена Џонс.

 Мелиса, која по професија е медицинска сестра и негувателка, решила да ослабе. Според нејзините зборови, во тој момент имала околу 120 килограми и кога престанала да јаде чипс, ослабела дури 23 килограми.

- Се обидов со диета, но не помина баш најдобро. Бев нервозна, па дури и слабеењето не беше моја мотивација. Затоа отидов на операција на желудникот. Се чувствував одлично по операцијата и килограмите почнаа сами да се топат. Повторно се чувствував жива, станав најдобрата верзија за себе и што е најважно за моите синови, додала Мелиса.

Денес таа е сосема поинаква жена, а она што допрва ќе го направи е  отстранувањето на вишокот кожа која и остана од слабеењето.

Инаку, Мелиса е мајката на две момчиња и  се труди да се храни здраво. Таа подготвува оброци за своето семејство и нејзиниот предизвик е да најде здрава алтернатива за правење лазањи, нејзиното омилено јадење. Сепак, признава дека не можела целосно да се откаже од чипсот, но сега се ограничува на максимум една кесичка дневно.


Фото:Shutterstock

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: