Јакната која ги освои инфлуенсерките и познатите дами: Извлечете ја од плакарот, повторно е ИН

Јакната која ги освои инфлуенсерките и познатите дами: Извлечете ја од плакарот, повторно е ИН

Објавена во: Мода // In and Out

Како што најавуваат експертите за мода, оваа есен ќе се носат бомбер јакни...

Преголемите блејзери во духот на 80-тите ја доживеаја својата популарност, а како што најавија модните експерти оваа есен на сцена се враќа старата добропозната бомбер јакна.

Судејќи според понудата на „high street“ брендовите и стајлинзите на модните инфлуенсери и познатите дами на Инстаграм, насекаде во наредните месеци ќе ги гледаме бомбер јакни.

Овој тип на јакни, создаден уште во 1926 година за да ги заштити пилотите од ниските температури, стана заштитен знак на уличната мода, а неговата маслинесто зелена верзија е безвременска класика во сечиј плакарот. 

Бомбер јакни се разноврсни и удобни и со тоа претставуваат идеален секојдневен избор во преминот од топлите во постудените месеци од годината.

Бројни брендови оваа сезона се потрудија да не им недостасуваат интересни верзии на бомбер јакни на полиците, а покрај класичните маслинесто зелени верзии, се издвојуваат и оние изработени од вештачка кожа кои често ги краси некој ефективен принт.

Извор: THE DAILY STARDUST / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Бомбер јакните за кратко време ги освоија познати дами кои си задоволство ги носат, а некои од нив се Ријана, Хејли Бибер, Ким Кардашијан...

фото:VASQUEZ-MAX LOPES-LALO-AZ WAGNER / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA
Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: