Јануарски ХОРОСКОП за привлекување на спротивностите
ОВЕН
Важите за еден од најшармантните знаци, поради што спротивниот пол едноставно се лепи за вас. Една Водолија или пак некој духовит Близнак во јануари би можел да го привлече вашето внимание. Ако сте маж, нема да ви биде тешко да заинтересирате некоја дама која во хороскоп е Стрелец или Лав. Жените овни нека вимаваат на претеранаото разголување.
БИК
Порадо вашата харизматичност и таинственост, вие никогаш нема да можете да останете незабележани и секогаш зрачите со сексапил. Можете да влезете во врска со некој Рак или Риби. На дамите Бикови може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец, а мажите Бикови нека не се перчат премногу пред жените.
БЛИЗНАЦИ
Спонтани сте и природни, весели и опуштени, вистински магнет за некој великодушен Лав или откачена Водолија која ретко кога може да му одолее на вашиот неодолив шарм, Машките претставници на вашиот знак, во периодот што следи може да им се допадне некој страствен Овен или тактична Вага.
РАК
Многу искри ќе се појават овој месец. Па токму затоа, можете да влезете во паралелна или тајна врска со Девица или Шкорпија. Ако сте жана, нема да останете имуни на додворувањето на една мистична Риба или лежерен Бик. Мажите Ракови ќе освојат многу срца со својата емотивност.
ЛАВ
Уживате да ја шокирате околината во се, па зошто во љубовта да направите исклучок? Во јануари може да ве заинтересира некоја Вага на која ќе и се допаѓа вашиот немирен дух или Близнак на кој нема да му пречи што постојано менувате планови. Жените Лавови можат да запознаат некој Стрелец или Овен. На мажите Лавови едноставно никој нема да може да им одолее.
ДЕВИЦА
Вашата сензуалност и еротичност не може да остане незабележана, каде и да се појавите, особено ако сте дама. Една таинствена Шкорпија или упорен Рак во јануари може да ве освојат. Ако сте маж, вие можете да освоите некоја припадничка на Јарец или Бик.
ВАГА
Бидејќи сте упорни и дрски, не се откажувате додека не го “изморите” противникот, односно оној кој ви го фатило окото. Младите дами можат да се најдат на мета на додворување од страна на Водолија или Лав, а посилната половина може да се допадне на некој Близнак или пак Стрелец кои не го држи место.
ШКОРПИЈА
На вашиот шарм и упорност никој не може да му одолее, секогаш се трудите да оставите добар впечаток на оној кој ви се допаѓа. Вашиот заштитнички став ќе ги импонира Раковите, а Девиците ќе бидат воодушевени од сигурноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе може да ви одолее некој упорен Јарец или еротична Риба.Мажите Шкорпии ќе лудуваат овој период.
СТРЕЛЕЦ
Вие сте весели, духовити и забавни, и во ваше друштво никогаш не е досадно, што во првиот месец може да и одговара на некоја шармантна Вага или пак таинствена Водолија, особено ако сте жена. Машките претставници на знакот и без најава можат да привлечат некоја припадничка на Лав или Овен.
ЈАРЕЦ
Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности, и сето ова и го давате до знаење и на оној кој ви се допаѓа. Една магнетно привлечна Шкорпија или сензуална Риба, умее да ви привлече големо внимание, особено ако сте припадничка на понежниот пол. Машките Јарци треба да обратат внимание на Биковите и Девиците кои веќе ги познаваат.
ВОДОЛИЈА
Страствени сте и топло,често пати паѓате на надворешниот сјај кај некоја личност, но знаете да препознаете и топли емоции, особено ако тие доаѓаат од страна на страствениот Овен или романтичната Вага. Ако сте маж, нема да можете да одолеете на духовитоста на Близнаците или спонтаната лежерност на Стрелците.
РИБИ
На вашата практична, перфекционистичка природа, најмногу ќе и одговара опуштање во друштво на весели личности кои знаат да уживаат, а таков во овој период може да биде еден Бик, но може да ве импонира и доминантниот Јарец. Машките претставници на знакот најверојатно ќе ги привлече некоја Шкорпија или Рак.