Јазикот е нашата татковина: Честит Ден на македонскиот јазик со инспиритивни цитати за животот од великанот Блаже Конески

Јазикот е нашата татковина: Честит Ден на македонскиот јазик со инспиритивни цитати за животот од великанот Блаже Конески

Објавена во: Совети // School zone

Фото: МАНУ

5-ти мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик, празник од работен карактер во чест на јазикот наш насушен и во чест на 5 мај од 1945 година, кога тогашната Влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Со сите муабети за јазикот суштински е поврзано името на Блаже Конески (1921-1993), кодификатор на современиот македонски литературен јазик, но и филолог и вонсериски лингвист, литературен историчар, преведувач и професор, меѓународно реномиран славист, автор на фундаментални дела од областа на македонскиот јазик и литература и втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје, кој го носи неговото име.

Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома).

Тој има напишано многу  дела, а најчесто инспирација црпел од од народното творештво, од митското минато на нашиот народ, од историјата, легендата, љубовта.

Еве некои од најпознатите негови цитати, и една песна за Жената:

„Убавите жени, несреќните жени, тие брзо прецутувале, како цут од кајсија, како мајски јоргован“ - Извадок од Убавите Жени од Блаже Конески

„Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува!“ – Извадок Преживување од Блаже Конески

„Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам“

„Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен“

„Смирноста е мудра, страсноста е глупа. Ќе седнам во паркот на некоја клупа“– Извадок од Починка од Блаже Конекси

„Јазикот е нашата татковина“

„Послушајте Макеоднци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледма ејазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште “

„Жената

Само жената му дава

димензија на животот,

со својата мекота и цврстина,

со својата мазност,

со својот свилен допир,

пофин од допирот на нејзината

свилена облека,

со своите брановити движења –

да си помисли човекот

дека е исполнет со смисла

и дека се гушка со бескрајот.“



Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: